Обединети во глупоста

…Од 120 кандидати за ОБВИНИТЕЛИ, 41 конкурирале со фалсификат диплома за странски јазик…

Па се разбира дека ЕУ е курва! Сакаат да не уништат, да не разнебитат!

            ДПМНЕ и ДУИ меѓудругите “активности” често скапо ни продаваа  кампањи кои на најразличен начин требаше да ни ја “подигнат свеста” како здраво да се храниме, како и колку деца да имаме, какви песни ни се потребни и сл

СДСМ и ДУИ пак, од друга страна, цврсто решиле да не реформираат, откако оправдано увидоа дека нема кампања на светов и веков која ние нема да ја проголтаме како утмани, следствено на тоа, секако дека ЕУ е курва!

… Зоран Караџовски, претседател на Судскиот совет ретерира. Откако пред една недела на прес конференција изнесе серија критики поврзани со реформите во правосудството, за СЈО и за анализата на АКМИС системот кој покажа злоупотреби, денеска преку соопштение објавено на веб страната на Советот објасни дека ставовите биле негови…

ФОТО

Еднаш не така одамна , нобеловецот Боб Дилан напишал- At times I think there are no words,but these to tell what’s true and there are no truths outside the Gates of Eden!

И навистина нема вистина надвор од Портите на “Плоштад ВМРО 1” од”Бихаќка” бр.8 или Мала Речица алијас This site can’t be reached.

Се разбира дека ЕУ е курва!

…400 илјади евра за девет месеци си поделиле за патни трошоци 77 пратеници…

…Сите странски Еврообврзници-Новата издадена еврообврзница е шеста по ред во историјата на Македонија…

И додека се двоумиме што е подобро, отчетно или инклузивно, работа или живот, времето незапирливо ни одминува, со непријатен впечаток дека како да ни го троши некој друг?

Па,се разбира дека ЕУ е курва!

…Миле ми текна друга варијанта. Ние да го смениме таму ДУП-от?…

…453 илјади Македонци се сиромашни, а 140 илјади живеат во вистинска беда – во домови без купатило и без минимални услови за нормално функционирање…

Ние сме како деца, веруваме безрезервно, немаме вина и одговорност а светот е проклето неправеден!

И така, како хант во најава, додека дојде Годо, повеќето од нас одново и одново ќе го докажуваме подаништвото кон Државата, кон Владата, кон…највеќе кон Партијата и нејзиниот Суверен.

Навистина ЕУ е курва!

…Дебата: Реформа на законодавството за градење и планирање за заштита на јавниот интерес…

И така, додека нашите сограѓани кои се принудени да плаќаат паушал за греење го одбележаа 150-от протест, притиснати меѓу борбата за името и борбата за православието, дури и на Миле му текна дека звучи шашаво, ама функционира, видете го само Тевдовски!

…Прво акцизи, сега ДДВ…

…Живот, реформи, реформи, реформи…

 

Автор: Ѓорѓи Трендафилов

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*