Пеп го краде Мбаппе пред носот на ПСЖ!?

Англиските медиуми пишуваат дека и покрај позајмицата на Мбаппе во клубот од Париз, кој минатото лето договори трансфер на Килијан Мбаппе од Монако, сепак тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола ќе ги искористи правилата на УЕФА за да го “украде“ Мбаппе од пред носот на ПСЖ.

Имено, ПСЖ минатата година го позајми Мбапе од Монако поради забраната за трансфери, откако не го испочитува финансискиот фер-плеј. Парижаните така се договорија една година подоцна да платат 180 милиони евра за откуп на младиот играч.

Англиските медиуми пишуваат дека Мбапе на крајот би можел да заврши во Манчестер сити. ПСЖ во моментов е под истрага на УЕФА поради сомнителни договори за трансферите на Нејмар и Мбапе, па постои реална можност да не може да го купи Французинот.

Поточно, ќе може да го купи, но веднаш за истата сума ќе биде продаден на Сити за да го испочитуваат финансискиот фер-плеј, но овие податоци не се потврдени.

Шеиците му одобриле пари на Пеп, по што истите нема да претставуваат никаков проблем за Сити, а според последните информации кои процуреа во медиумите, тие се подготвени да издвојат неверојатни 700 милиони евра за желбите на Пеп да станат реалност.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*