Писмо од членови на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората до претседателот Мицкоски: Застанете цврсто против законот за двојазичност, ќе имате наша целосна поддршка!

Како долгогодишни членови на ВМРО-ДПМНЕ, сметајќи ја Партијата и наша, се надеваме дека ќе ни овозможите и нам на поширокото членство да учествуваме во одлуките на Партијата, па и да ви помогнеме доколку имате сомнежи во врска со важни одлуки.

Со оглед  дека од самиот Ваш избор зборувате за консолидирање на партијата, очекуваме да направите  конкретен чекор со што и ќе го докажете тоа.

Бараме од вас да посветите повеќе внимание на докажани и долгогодишни членови на Партијата и да се консултирате со нив за понатамошно дејствување.

Досега видовме само консолидирање со реформаторите кои на последните избори работеа против ВМРО-ДПМНЕ, односно за Заев и албанските партии. Ако еднаш веќе и нанесоа штета на Партијата зошто сметате дека нема да го повторат?

ВМРО-ДПМНЕ мора да се врати во нормалниот колосек, да биде партија на народот бидејќи беше формирана како таква и долги години така и функционираше.

Имате искуство од последните локални избори дека народот не трпи уцени и дека нема да ве гласа доколку не ги исполните неговите очекувања, посебно сега, па дури и по цена на голгота која мора да ја преживува за своето опстојување.

Не се согласуваме воопшто со нудење на поддршка на владата на Заев. Владата на Заев е нелегитимна, а нашата Партија не смее да поддржува незаконско и недемократско однесување. Прифаќаме широка коалиција единствено со цел распишување на нови избори.

Не смеете да ги повторувате грешките на претходниот Претседател.  И покрај сите негативни последици за кои народот беше свесен доколку го донесе Заев на власт, сепак ја бојкотираа ВМРО-ДПМНЕ, иако сите плаќаме висока цена за тоа. Не мислете дека народот нема избор. Народот секогаш ќе најде свој избор. Имаме чувство дека таа карта е единствената на која играте и ви советуваме да престанете бидејќи таа не е добитна.

Се има чувство и дека имате намера да го премолчите законот за двојазичност. За да ја добиете поддршката од народот морате да преземете конкретни чекори никакви  калкулации.

Народот очекува од ВМРО-ДПМНЕ да го спречи законот за двојазичност кој е погубен за Р. Македонија и во никој случај не смее да се донесе.

Дали ќе барате разгледување на амандманите како демократско право на функционирање во Парламентот или имате друга солуција, најважно е да застанете со цврст став дека ВМРО – ДПМНЕ не само што не го поддржува законот за двојазичност туку и ќе се бори со сите средства против негово донесување. Во таков случај имате целосна поддршка од нас и со сите расположливи средства ќе застанеме зад вашата одлука.

Во секој случај сметаме дека доколку стоите цврсто на ставот да не се фрлат во канта амандманите поднесени од страна на нашата партија, СДС не смее да ризикува и да ги премолчи. Но, само ако видат и најмало колебање и сомнеж кај вас, ќе биде искористено за донесување на законот.

Ние долупотпишаните дејствуваме на своја рака и во разни форми во дијаспората за спречување на овој закон и сме едни од носителите на отпорот. Зошто Партијата да не ни помогне во борбата?

Ние нема да учествуваме во ниедна различна одлука на Партијата и сакаме да бидеме ослободени од одговорност пред македонскиот народ.

Писмото е молба и поддршка за да донесете правилна одлука и вистински чекор.

Потписниците на писмово се сите членови на ВМРО-ДПМНЕ од деведесеттите години, Претседатели и Потпретседатели на активните Задграничните Комитети и волонтери во Партијата.

Илона Захариева, Канели, Италија

Филимончо Серафимов, Канели, Италија

Гоце Стојанов, Алба, Италија

Горан Наумоски, Конелиано, Италија

Весна Жежовска, Копер, Словенија

Душан Симоновски, Крањ, Словенија

Ацо Крстески, Штудгарт, Германија

Дончо Костадиновски, Штудгарт, Германија

Киро Стоилов, Штудгарт, Германија

Саше Баловски, Минхен, Германија

Тони Симоновски, Лондон, Англија

Лазо Пецов, Виена, Австрија

Стојанчо Крстов, Амстердам, Холандија

Ристо Трајков, Утрехт, Холандија

Игор Виларов, Холандија

Јули Лубески, Берлин, Германија

Богоја Лубески, Берлин, Германија

Дејан Аџијоски, Никола Готов и Ненад Анчевски, Женева, Швајцарија

Павле Велков, Лозана, Швајцарија

Ковале Трајков, Швајцарија

Никола Ѓурѓај, Тирана, Албанија

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*