Поевтини лекови или првоаприлска шега!

За поздравување е одлуката на министерството за здравство за идејата за поевтини лекови, но се поставува прашањето за кои лекови за оние што ги нема после десети во месецот или некои други? Да не заборавиме дека пациентите веќе неколку месеци мака мачат да дојдат до своите лекови препишани на позитивната листа а кои веќе после десети во месецот речиси да ги нема во аптеките. Зачудувачки е фактот како тоа во министерството за здравство да има вишок на средства а речиси да нема јавна здравствена установа да не е во долгови и мака мачи со покривање на трошоците.
Што ќе ни е бесплатно здравство кога услугите речиси стануваат недостапни поради недостиг на кадри, техничка опременост и друга инфраструктура неопходна за добро функционирање на здравствените установи.
Тоа е исто како во некои јужноамерички држави каде нафтените производи се речиси бесплатни но тешко се наоѓаат на пазарот.
Каде се сите тие експерти и управни одбори кои како пијавици го цицаат и онака анемичното здравство а не сносат никаква одговорност за хаосот кој гооставаат зад себе и мирно ги креваат рамената на прашањето што сега и кој е виновен?
Време е да се чуе гласниот молк на лекарите и другите здравствени работници и на пациентите кои под товарот на болестите неможат и крик да испратат до власта и сите надлежни институции за помош.
Ова веќе не е ни крпен живот бидејќи веќе нема што и за што да се закрпи-
Мора нешто ново стабилно,долготрајно и функционално за сите во оваа наша Македонија!

Автор: Д-р Енсер Јусуфоски потпретседател на ГДУ

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*