Полска ја победи Европската Унија

Премиерката на Полска, Беат Шидло изјави дека нејзината влада ја победила Европската Унија (ЕУ) во спорот околу мигрантите и тврди дека ЕУ дури и го променил сопствениот став по тоа прашање.

Тој став, ЕУ наводно го променил, по зборовите на Шидло, благодарение на „влијателниот и непоколеблив став на Полска“, пренесува агенцијата АП.

Беат Шидло, изјавата ја дала на заедничката конференција за новинарите, заедно со лидерот на владеачката партија, Право и правда на Јарослав Качински.

„На Полска денес во Европа се гледа како земја ослободена од тероризмот“, изјавила Шидло.

Полска одби да прими бегалци според обврзителниот план на ЕУ за распоредување на мигрантите. Варшава како  аргумент за одбивањето наведе дека со прифаќање на мигранти со муслиманска вероисповед, ќе се загрози безбедноста на државата и нејзиниот католички идентите.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*