Поради хомофобични зборови отстранет ТВ коментатор

Телевизијата „W9“ го отстрани скандалозниот фудбалски коментатор Денис Балбир поради хомофобични реплики за време на натпреварот од Лига Европа меѓу Олимпик Марсеј и Лајпциг.

Балбир кој коментира натпреварот на канал „W9“ се исмеваше на фудбалерите на Лајпциг по поразот со 2:5 на „Стад Велодром“, а видео снимка со неговите зборови излезе во етерот па беше раширена на социјалните мрежи.

Во неа Балбир ги критикува играчите на германскиот тим за нивната ароганција и користи жаргони анти-геј зборови со кои ги руга фудбалерите на германскиот тим.

По скандалот, коментаторот преку Твитер се извини з анеговите непримерни зборови.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*