ПО СТРАШНИОТ СТАРТ: Едерсон се „пофали“ со лузните од Мане (ФОТО)

Голманот на Манчестер сити, Едерсон Мораеш ја покажа повредата на лицето по страшниот старт на Садио Мане во саботното дерби помеѓу Сити и Ливерпул. Инцидентот се случи кон крајот на првото полувреме, кога Мане во обид да ја стигне топката му влета на Едерсон со копачката директно во лицето, по што бразилскиот чувар на мрежата по неколкуминутна интервенција од медицинскиот тим на „граѓаните“, беше изнесен на носилка од теренот.

Едерсон

Сенегалскиот репрезентативец доби заслужен црвен картон, и најверојатно нема да настапува на следните три натпревари во Премиер-лигата, доколку фудбалската асоцијација на Англија ја одбие жалбата на Ливерпул да се намали казната, а сето тоа ќе се знае утре. Мане претходно му се извини на Едерсон преку социјалните мрежи за ненамерно направениот старт.

Извор: Екипа.мк 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*