Правдата е бавна, но секогаш доаѓа! Ќе го стигне ли и Никола Груевски!?

Блиските луѓе на поранешниот премиер на државата Никола Груевски веднаш по објавувањето на бомбите се обидуваа да го убедат македонскиот народ дека истокот овде не игра никаква улога и дека наводно, странската служба која ги дала прислушуваните разговори на тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев биле западните сили.

Во ниту еден од тие нивни јавни настапи во кои постојано го заговараа тоа дека еве некој нам ни упаднал во системот и дека се работи за притисок од надвор за да се оцрни тогашната актуелна власт не го изговорија името на таа странска служба односно држава.

Дијагнозата е дефинирана. И тие веруваа во тоа само затоа што премиерот го кажал тоа. Па тука беа дури споменувани намерите на таа фамозна странска служба, дали тие биле за да и помогнат на Македонија или не, која била целта на нивното прислушување итн итн..
Во сите ние нивни настапи тие правеа заговор со кој ја злоупотребуваа својата позиција за да ја потценат интелигенцијата на македонскиот народ, да манипулираат се со цел да ја протнат тезата дека македонската држава била клекната на колена, иако сите слушнаа што правеле дури биле на власт и на кој начин го правеле тоа.

ФАТЕНИ БЕА СО СПУШТЕНИ ГАЌИ

Прислушкувањето било масовно, биле местени договори меѓу коалционите партнери за тендери, биле местени избори, партијата и државата станале едно, се пресметувале дрско и безобразно со секој оној кој што не бил нивни или бил критички настроен кон власта. Приказните дека некој од надвор дошол да ја заврши работата и да ни ја продаде државата паднаа во вода, а македонскиот народ со сопственото уво слушна како Груевски владеел во изминатите 10 години. Тоа го гледаме односно слушаме како тече низ материјалите од аудио снимките објавени од проектот „Вистината за Македонија.“

После четири години Македонија има нова власт, Никола Груевски е секојдневно на суд, но повеќе ме грижи фактот што тие негови посети во судот се само една пропаганда која ќе биде користена од актуелната власт, со цел негово конечно политичко пензионирање, а со самото удирање по неговиот рејтинг и ослабнување на позицијата на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој уште никако да расчисти со перцепцијата дека е под влијание на неговиот претходник Никола Груевски.

Злоделата на Груевски не смеат да бидат заборавени. Ниту од народот, ниту од правните институции на оваа држава. Правдата мора да биде задоволена, одговорност мора да постои. Народот чека, народот бара час поскоро да биде задоволена правдата. Законот мора да биде еднаков за сите! И ќе биде! Само на тој начин ќе се врати вербата во институциите на оваа држава, само на тој начин ќе се покаже и докаже дека никој во иднина не смее да ја поистоветува партијата со државата, само на тој начин ќе добиеме еднаквост меѓу политичарите и обчните граѓани!

Пишува: Бранко Димитровски

Порталот Поглед се оградува од ставовите на авторот

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*