Прванов: Договорот за името на Македонија не треба да биде во штета на Бугарија

Преговорите за името на Македонија не треба да бидат во штета на Бугарија, изјави поранешниот бугарски претседател Георги Прванов во утринската програма „Тази сутрин“ на бугарската телевизија БТВ.
Според него, фактот дека се деблокира дијалогот меѓу Грција и Македонија во врска со спорот за името, е позитивен.

“Ме загрижува тоа што разговорите почнуваат да се водат во насока на неколку варијанти, дел од кои, не се во интерес на бугарската позиција”, призна тој.

“Да, ние први ја признавме Македонија под нејзиното уставно име, но видете ги варијантите како Горна или Северна Македонија – тоа е договарање во корист на Грција, и истото е на штета на Бугарија”, истакна Прванов.

Мислам дека не е сеедно за нашата дипломатија како ќе завршат овие преговори. Во еден момент, мора да постои и некаква осогласеност со нас, смета тој.
“Името Северна или Горна Македонија го вклучува Пиринскиот регион, односно Егејскиот не е засегнат и не се коментира, но во истото време претензиите кон Бугарија, остануваат во просторот. Барем тоа мора да се дискутира меѓу владите на двете земји “, додаде тој.

Парванов рече дека ја поддржува идејата и напорите на премиерот Борисов за запирање на балканските кавги. “И покрај сè не може секое преговарање да биде за сметка на Бугарија, односно ние треба да го опстојуваме нашиот интерес”, категоричен е поранешниот бугарски претседател.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*