Пред само две години беа подготвени да платат 150.000 евра за него, сега го добиваат за „без пари“

Дел од медиумите кај нашиот западен сосед пишуваат дека Јасир Асани денес треба да ги договори сите детали со албански прволигаш од Тирана.

Според информациите кои ги пренесуваат дел од албанските медиуми, се вели дека 22 годишниот Јасир Асани уште денес треба да ги договори сите детали со тамошниот прволигаш Партизани од Тирана.

Пред само две години Партизани беше подготвен да издвои 150,000 евра за овој фудбалер, сега клубот има можност да го добие за без пари. Се работи за албански талентиран фудбалер од Македонија, Јасир Асани, кој во моментов нема ангажман и се очекува да има официјална средба со лидерите на клубот од Тирана“ пишува „Панорама“.

Сепак, ситуацијата на Асани во однос на регистрацијата може да биде проблематична за албанскиот прволигаш, преодниот рок е веќе завршен, а тој наводно би почнал со настапи за својот потенцијален нов клуб дури од јануари, кога ќе стартува зимскиот период за трансфери, барем така најавува албанскиот медиум кој наведува дека причината за ова доаѓа по сертификатот кој ќе биде потребен за Асани, воедно и целата документација за реализација на овој трансфер.

Инаку Асани е мошне интересна тема во македонскиот фудбал подолг период, тој иако настпауваше за нашите младински селекции, се реши да игра за Албанија, а си замина од Вардар и продолжи во клубот каде сонувал да игра, Шкупи од Чаир. По авантурата во Шкупи, се пресели во прилепска Победа, за потоа на социјалните мрежи да извести дека си заминува од тој клуб, по што остана без ангажман.

Извор/Фото: panorama.com.al

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*