Премиерлигата би можела да состави многу добар тим од играчи кои на лето ќе бидат слободни агенти

Англиската Премиерлига без никаква дилема е најатрактивната лига во Европа. На крајот на сезоната Островот би можел да остане осиромашен доколку неколку врвни играчи ги напуштат клубовите и тоа бесплатно. Сосема сигурно би можело да се состави одличен тим од кандидати чиј договор истекува на лето. Па да тргнеме со ред.

Што се однесува до позициите на голманите, меѓу останатите, Мајк Ворм од Тотенхем, Џоел Роблес од Евертон, Вили Кабалеро (Челси) и Вејн Хенеси (Кристал Палас). Сосема сигурно одлични чувари ма мрежата, кој во поголемиот дел од клубовите би можеле да останат резерва.

Глен Џонсон од Стоук кандидат за десен бек, додека левата страна би ја покривал Лук Шо од Јунајтед. Стопери би можеле да бидат Дејли Блинд (Јунајтед) и Роберт Хут (Лестер). Тука е и одличниот Џоил Вард од Палас, потоа Мигел Бритос од Ватфорд, па и Патрис Евра.

Средниот ред би можел да биде составен од Емре Кан и Фелаини, како и легенда од Премиер лига Герет Бејл. Џек Вилшер од Арсенал е идеален за централен везен, а конкуренција му се, меѓу бројните, Јаја Туре (Сити) и Чарли Адам (Стоук)

Нападот е осиромашен со изненадното заминување на Златан Ибрахимовиќ од Јунајтед, но тука е Бакари Сако, како и играчот на ВБА Крис Брунт. Сосема сигурно тим кој би останал без многу проблеми во лига, а дали би бил способен за нешто повеќе тешко е да се каже.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*