Проф. Калин Јанакиев: Светиот синод треба да одговори позитивно на барањето на МПЦ-ОА

Проф. д-р Калин Јанакиев е филозоф и теолог, предава Средновековна култура и христијанска филозофија на Софискиот Универзитет „Свети Климент Охридски“, а исто така и на Пловдивскиот Универзитет и НАТФИЗ „Крсто Сарафов“.

Каква точно е состојбата во македонската црква?

– МПЦ објави доброволна автономија од Српската патријаршија – автокефалност или целосна самоуправа, уште во 1967 година Таа одлука не е призната од СПЦ, а пак МПЦ не е призната како автокефална и од останатите цркви. Откако Македонија се оддели како самостојна држава, српската црква обиде да направи своја просрпска единица на нејзина територија, но тоа беше крунисано со целосен неуспех. Во Македонија СПЦ нема никакви поддржувачи, и тоа до таков степен што епископот, кој раководеше со таа единица, беше буквално принуден да ја напушти државата. Над 90% од Македонците се дел од МПЦ и страдаат поради фактот, што не се признати од останатиот православен свет.

Што претставува обраќањето на МПЦ-ОА кон БПЦ?

– МПЦ се обраќа со писмо кон Бугарската Патријаршија, овде има две клучни работи. Првата е таа дека Македонската црква ја моли, иако не го користи овој глагол, БПЦ да стекне статус на нејзина црква мајка, односно црква што ја создала црквата на оваа територија. За возврат, се бара  евхаристиска заедница, што ќе даде можност за заедничко служење на литургии, меѓу бугарските и македонските епископи и свештеници.

Всушност, приклучувањето кон таква заедница со МПЦ значи признавање на нејзиниот автокефален статус. Но во македонското писмо има уште една точка во која БПЦ се повикува да покрене иницијатива за разговорот со останатите цркви, кои треба да ја признаат.

Од најстрога канонска гледна точка црква мајка на МПЦ може да биде српската, бидејќи до повлекувањето на МПЦ во 1967 година, таа била под јурисдикција на Српската Патријаршија. Таа не сака да и ‘даде таков статус поради нивните националистички размислувања. И македонската црква по долго размислување одлучи да се сврти кон нас, бидејќи постојат одредени историски причини, БПЦ да биде нејзина црква мајка.

Кои се овие причини?

– Седиштето на МПЦ-ОА е Охрид. Дури и официјалното име на МПЦ денес е “Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија”.

Охридската архиепископија потекнува уште од 971 година, во средниот век, кога византискиот император Јан Цимисхи го освоил Северниот дел на Бугарија и таа паѓа под византиска власт. Поранешната бугарска автономна архиепископија, која се наоѓала во Доростол, почнува да го менува своето седиште. Таа се преселува на различни места, вклучувајќи ја и Сердика. Конечно застанува во Охрид. Тоа е последното седиште на бугарските архиепископи на Првото бугарско царство. Малку подоцна Василиј II го освојува и остатокот од Бугарија, но тој не ја укинува архиепископијата во Охрид и таа останува автономна архиепископија за целата бугарска територија.

По појавата на Второто бугарско царство Охрид останува на територијата на Византиската империја, а Бугарија се појавува на север од Стара Планина. Поради оваа причина во Трново се создава архиепископија, која подоцна во времето на Иван-Асен е призната за патријаршија, но Охридската архиепископија, која е на територијата на Византија, продолжува да постои и да има автономен статус. Тоа се случува и по падот на Балканот под османска власт, и тоа до 1767 година, кога еден многу амбициозен цариградски патријарх, реформатор, Самуил I, успева да издејствува, оваа автономија да биде укината и таа да биде припоена кон Константинопол. Така,  создадената во X век архиепископија престанува да постои како автономна. До овој момент таа постоела и цело време се водела како “бугарска Архиепископија “, што значи дека МПЦ денес всушност може, потпирајќи се на историјата, да се обиде да ја припознае БПЦ како Црква мајка.

Спорното прашање е која од двете цркви дали бугарската или српската црква, може да даде автокефален статус на непризнаената до денес МПЦ. Србите тврдат: “Ние сме надлежни бидејќи, МПЦ последно беше во нашите граници”. Ние сепак можеме да кажеме – многу подолго во времето и многу одамна македонската црква била под јурисдикција на Охридската архиепископија, на која ние сме биле претстојатели.

Што треба да се направи?

– Прашањето сега е кој пат ќе биде избран. Ако ме прашате за моето мислење – таа мора да го добие нејзиниот автокефален статус. Таа е во истата положба во која сме биле ние од 1872 година, кога сме обвинети во раскол, до моментот кога Цариград го крева расколот и ја признава нашата автокефалност дури по 9. IX.1944. Тоа е од интерес на оваа жива црква во Македонија – со многу верници, многу повеќе од 5% верници, колку што се во Бугарија, црква, која служи на мајчин јазик, па богослужбата е сосема разбирлива за луѓето. Постојат теолошки списанија, литература, таа е добро образована црква. Таа страда од тоа што е непризнаена и изолирана од остатокот на православниот свет. Современите историски и политички области се такви што православната црква обично постои на територијата на независна држава. Македонија е независна држава и, според тоа, мора да има автокефална црква признаена од остатокот на православниот свет.

Мислам дека Св. синодот мора да покаже храброст и да ја прифати оваа подадена рака. Ако се трудат тоа да се изврши според формалниот канонски чин на признавање, може да го направи она што е практично истото, да влезе во евхаристиската заедница со нејзиното свештенство и да изјавува дека е посветена на преговори со останатите православни цркви, со цел и тие да ја признаат. Можно е да има отпор од српската црква, но таа нема да оди до крајности. Предпоставките дека ако БПЦ ја признае МПЦ, ќе биде обвинета во раскол се претерани и не се сигурни. Друго прашање е што уште една православна црква најверојатно нема да сака да го направиме тоа, и ова е Руската Православна Црква.

Зошто Руската Православна Црква не сака тоа да се случи?

– РПЦ не сака ова да се случи, не во чисто црковна смисла, туку заради геополитички причини. Русија губи позиции на Балканот, ги губи драстично, особено откако Македонија се врати на патот за членството во ЕУ и НАТО, односите меѓу нашите две држави одат добро. Русија сака да го задржи влијанието во оваа земја,  и таа ќе го има тоа влијание, ако ја стави МПЦ во изолација, обидувајќи се да ја манипулира, итн.

Таа нема да се согласи со ова, бидејќи конечно ќе ја изгуби нејзината моќ за да влијае на Македонија. Црквата е единствената што ѝ остана. Освен тоа, неединството меѓу православните цркви е во интерес на Русија, со оглед на тоа што доминира статусот на најголемата црква. Таа може да посредува меѓу другите и да прави било какви комбинации во свој интерес.

Треба да очекуваме високото свештенство да биде многу колебливо. Не е тајна дека повеќето од нашите Митрополити се под силно руско влијание. Од друга страна, понудата на МПЦ е многу тешко да се заобиколи, да се занемари, да се смири, па дури и да се одбие.

Прво, бидејќи овој предлог ги возбудува силните национални чувства за Бугарите. Без разлика дали  тие се црковни или не. Второ, образованите луѓе знаат дека БПЦ навистина има право да се  прогласи за црква-мајка на Охридската Архиепископија.

Какви ќе бидат политичките или светските последици од овој црковен чин?

– Во Превод на политички јазик, тоа значи следново: со тоа признавање на МПЦ од нашата, со тоа прогласување на нашата Црква за нејзина црква мајка се постигнува освен политичко единство меѓу нашата земја и Македонија, се утврдува и духовно единство, што е раскинато од националистичките тензии низ децениите.

Точно е дека националистичките кругови во Македонија, кои во моментов се политичка опозиција, исто така, имаат одредени критики. Според нив, нивната црква е пренесена на Бугарите. Во оваа смисла, најдобра одлука на нашиот Св. синод е да ги маргинализира таквите гласови од своја страна. Тоа ќе покаже дека МПЦ ги надминала националистичките глупости и дека државата ја враќа историската неправда.

Да, ние сме црква мајка на МПЦ. Ако нејзината архиепископија е архиепископија од средниот век. Да, таа е нашата мајка црква. До последен момент, таа беше под јурисдикција на српската црква, но тоа беше од политички причини, што лесно можат да се објаснат.

Поради оваа причина, верувам дека бугарскиот Св. синодот треба да одговори позитивно. А и како верник човек кој знае дека православието е наднационална и надетничека религија – бидејќи сите православни, без разлика на етничкото потекло и припаѓаат на едната света соборна и апостолска Црква, за која самиот апостол Павле: “Нема веќе Јудеец, ни Елин; нема роб, ни слободен; нема машки пол, ни женско, зашто сите вие сте во Христа Исуса.” Црквата не е поделена по етничка припадност. Може да се управува автономно и автокефално, но сите се православни.

Јас, како верник, не можам да се воздржам кога една жива, образована црква е изолирана. И бидејќи одредени политички и црковно-политички околности не го дозволуваат тоа. Србите не сакаат, бидејќи се чувствуваат навредени, Русите – бидејќи нема да можат да интервенираат во делата на православните на Балканот, Константинопол можеби исто така ќе се навреди, бидејќи како прва патријаршија не дала автокефалност.

Но, од гледна точка на христијанското братство со ова писмо ни е дадена можност да го покажеме тоа христијанско братство и да ги спасиме браќата од Македонија од оваа наметната по политички причини изолација. Тоа зависи од храброста на луѓето кои во моментов живеат и на кои Господ им го дал Крстот за да покажат храброст. Ние видовме во последниве месеци, дека македонскиот премиер Зоран Заев е човек со храброст, дури и нашиот премиер покажа храброст, сега е редот и на БПЦ да биде храбра.

Извор: Лентата

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*