П. Богојески: Концептот на СДСМ “Едно Општество За Сите“ го пресликува југословенскиот концепт “Братство Единство“

Реформаторите се тука, дејствуваме и работиме на спроведуање на комплетната агенда – промена и дополнување на статут, промена на политиките на внатрешен и надворешен план. Споредбата со Шарената револуција е целосно спротивна бидејќи тие промовираа улична демократија. Ние се повикавме на потребата да заживее внатрепартиска демократија во насока на промена на политичкиот менталитет во целото општество, да престане праксата на гледање меѓу нишан на политичките партии, и Македонија од транзициска држава да ја претвориме во само-одржлива држава, рече Петар Богојески во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

Со промената на раководството на партијата се создадоа услови за вистински темелни реформи, статутот е 90 % изготвен, во него има квалитетни решенија, дел од нив се автентични, дел се преземени од статутите на партијата на Ангела Меркел, дел од партијата на Курц, дел од Балканските десничарски партии кои се членови на ЕПП, додаде тој.

Нападот врз институции од Шарена револуција и Заедничка Македонија треба да се третира еднакво. Сега од ШР се гонат само оние кои не се дел од СДСМ, а тоа се луѓето на Левица. Ако тоа навистина е вака, тогаш имаме двојни аршини, смета Богојески.

Јас мислам дека државата е преоптеретена со омраза, луѓето живеат во страв, во неизвесност и некаков начин на хипертензија. Мислам дека грешките можат да се простат доколку се собере храброст тие да бидат признаени. Остануваме заглавени во концептот силување на општеството а трајно ги оштетуваме граѓаните да не можат да живеат во нормално демократско општество, вели тој и продолжува:

– Можам да потсетам на времето кога сите зборуваа за механизми за контрола на владата, сега гледаме дека тоа го нема. СДСМ го промовираше концептот “Едно Општество За Сите“ кое го пресликува југословенскиот концепт “Братство Единство“. Какво е тоа право, каков е тој концепт во кое имате права како Македонец и Албанец, а ги немате како Ром, Турчин или било кој друг? – праша Богојески.

Овој концепт не е европски, туку е југословенски, смета Богојески и притоа додава:

– Се согласуваме дека ќе беше подобро, да седнеме сите заедно, експертите да се вклучат во оваа област со цел да се решат сите помали етнички заедници. СДСМ или ДУИ наметна чувство дека ВМРО-ДПМНЕ е против албанците. На ВМРО-ДПМНЕ му беше забрането да дискутира за законот поради употребата на европското знаменце. Очекував барем десет пратеници да кажат “полека, ова не е во ред, не е во ред пратеничкото мнозинство да не дозволи расправа на законот во Собрание“.

За разлика од Богојески, неговиот колега од СДСМ Павле Богоевски смета дека употребата на европското знаменце на законот не претставува никаков проблем, а процедурата во која е донесен законот за јазици е демократска.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*