Раул Аревало ја доби наградата за најдобар филм на шпански

Трилерот “Tarde para la ira“ на режисерот Раул Аревало ја освои наградата „Гоја“ за најдобар филм, на доделувањето на наградите на шпанската академија на филмските уметности и науки.

Филмот на Аревало освои вкупно четири награди, вклучувајќи го и признанието за најдобро сценарио. На церемонијата што се одржа во Мадрид, филмот “А Monster Calls“ на режисерот Хуан Антониј Бајоне однесе најмногу награди – девет.

За најдобра актерка е прогласена Ема Суарез за улогата во филмот “Julieta“ , а за најдобар глумец Роберто Аламо за улогата во филмот “ Que Dios nos perdone“.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*