Резултатот на тоа што народот го разбра од зборовите на Никола Груевски

Резултатот на тоа што народот го разбра од зборовите на Никола Груевски: „Бранете си ја државата на улица, а не по папучи со дома пред ТВ екраните“, се насилничките упади во институциите на оваа држава, во највисокиот законодавен дом – Собранието на Република Македонија.

Со денови насобраниот револт поттикнат од тоа дека некој штотуку не ни ја продал државата, гневот и фрустрациите избија на површина, а дел од толпата влезе во Собранието каде што ги нападна луѓето кои имаат деца, внуци, родители, роднини и пријатели. Нападнаа свои браќа по крв, луѓе кои се припадници на Македонија, луѓе кои се по крв Македонци, луѓе кои направиле нешто добро за оваа наша држава, само затоа што истите требало да им ја земат фотељата во Влада на нивните омилени ликови во политиката.

За својот партиски послушник Митко Чавков, екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека е професионалец кој никогаш не би си дозволил да го стави партискиот пред државниот интерес. Ако професионализам за Груевски е да се дозволи во 30 секунди насилен упад во највисокиот законодавен дом каде што граѓаните имаат свои претставници кои ги застапуваат нивните интереси и нивниот глас, ако професионализам за Груевски е да Чавков два часа биде недостапен за министерот за внатрешни работи, а притоа сте командант на оперативен штаб, тогаш јас би се запрашал што е аматеризам? Штабот на ВМРО-ДПМНЕ беше по заштитен од страна на полицијата кога имаше протести пред две, три години, отколку Собранието на 27 април. Тој рече дека жали, дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им помагале на тогашните пратеници на СДСМ и ДУИ кои се нашле како мета на напаѓачите, но притоа не објасни како институциите и надлежните не реагирале, иако имаат обврска, но и одговорност за тоа.

Еве, помина еднагодина од тој настан, Груевски е опозиција, СДСМ е власт, Талат Џафери е Претседател на Собранието на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ има нов лидер, а Никола Груевски секој ден е на суд. Од политички победник на повеќе од десет изборни циклуси, од човек кој злоупотребуваше се и сешто само и само да се оддржи на власт, тој денеска има десетици обвиненија против него и неговото опкружување, истиот секојдневно е на судење, малку подостарен, со побелена коса. Неговата партија ја остави со тродупло помал рејтинг од она што го имаше пред две години, а неговиот рејтинг веројатно денеска е паднат за четири до пет пати во однос на оној кој го имал минатата година.

Мицкоски ќе има тешка задача, ќе мора да изнајде сосема друг начин на политичко движење напред кое би придонело за враќање на ВМРО-ДПМНЕ како нормална опозициска партија. Делата и грешките на претходникот Груевски секојдневно зборуваат за рејтингот на ДПМНЕ наспроти СДСМ.
Резултатот на тоа што го правеше Никола Груевски денеска е очевиден: СДСМ е уште со поголем рејтинг, Заев ужива доверба кај меѓународниот фактор, но и има одлична соработка со албанските политички партии, додека човекот кој единаесет години владееше бескруполозно денеска постојано е на рочишта, каде што дава изјави во кои се жали од третманот на судиите, обвинува за политички прогон од страна на судството и извршната власт итн итн…

Тркалото се врти Никола, ќе има одговорност за сите злодела кои и ги направи на Македонија и македонскиот народ!

Пишува: Јелена Веселиновска

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*