Рио и Сколс со совет до Мурињо: Отстрани го овој играч од стартната постава!

Рио Фердинанд и Пол Сколс имаа можност да го коментираат дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Севилја во студиото на „Би-Ти Спорт“, а воедно и шансата брутално да го оцрнат настапот на тимот на Жозе Мурињо кој вчера доживеа шокантна елиминација во осминафиалето во Лигата на шампионите.

Фердинанд воопшто не се штедеше во својата анализа и актуелниот тим на Јунајтед го нарече „тим на странци“ кои како првпат да играат заедно фудбал, а во продолжение од своето обраќање, беше доста критички настроен за Алексис Санчез за кого смета дека треба да одмори и да биде изоставен од Мурињо.

– Санчез изгледа само на бледа сенка на играчот кој претходно беше. Кога беше дел од Арсенал, тој беше играчот во кого сите гледаа инспирација. Тука изгледа како странец плус во тимот, не знам како може да се загуби целиот талент со преселба во друг тим. Поради тоа, навистина ми е жал за него во овој момент, но ќе мора да биде одморен на наредните натпревари, – смета Рио, додека доста подиректен беше Сколс.

– Најдобрата позиција на која игра Рашфорд е на левата страна, а таму го имавме Санчез. Тој им ја подари топката на противниците толку многу пати. Кога го правите тоа на последните пет од вкупно 10 натпревари, тренерот треба да ви каже дека нешто не правите добро. Мурињо мора да ги избира тројцата играчи во нападот кои се во најдобра форма и да биде доволно храбар и да изостави еден. Тој еден во овој момент е Санчез, мора да биде отстранет, – порачува Сколс.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*