Свлечишта, поткопан асфалт и улица без ниту еден сообраќаен знак- скопска реалност

Неодамна „реконструираниот“ регионален пат на улиците „Мариовска“ и дел од улицата „Христо Татарчев“, се до спојот на улицата кај црквата Теферич, станува се поопасен за граѓаните. Свлечишта, поткопан асфалт, улица без ниту еден сообраќаен знак, без заштитна ограда и осветлување, е секојдневието со кое се соочуваат граѓаните од ова подрачје.

Жителите се загрижени поради состојбата во која се наоѓа улицата Мариовска која води до Теферич. Велат треба да се направи комплетна реконструкција бидејќи само со додавање нов асфалт повторно се раскопува.
За овој регионален пат има изработено проект, но од проектот до реалната слика на улицата има многу голема разлика. Реализацијата на проектот е од голема важност за оштина Кисела Вода, но и за општина Сопиште бидејќи локалниот пат Теферич ги поврзува овие две општини минувајќи низ нивните локалитети. Патот е фрекфентен и го користат жителите на Сопиште и Соње.

Сообраќајното значење е уште понагласено бидејќи истиот служи и за поврзување на централното градско подрачје со регионалниот пат Козјак, со што се вклучува во сообраќајните текови ширум регионот и државата.

Се апелира до Општина Кисела Вода да направи ревизија на проектот и на реалната слика на улицата, како и да дејствува со цел да обезбеди безбедено одвивање на сообраќајот.
Независно од политичката поставеност и струтура, проектите треба во целост да се реализраат за потребите на граѓаните, а не како до сега, да се работи половично само за време на избори.

Автор: Јована Спасевска

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*