СЕ Е СОВРШЕНО ИСПЛАНИРАНО: ЕВЕ КАКО РЕАЛ ЌЕ ИЗГЛЕДА СО НЕЈМАР НА ТЕРЕН

Целата приказна околу Нејмар и Реал повторно се актуелизира односно се погласни се шпекулациите дека Бразилецот ова лето би можел да заврши во тимот на Кралевите.

Масло во огнот на сето ова додаде соиграчот на Нејмар и репрезентативен колега Марсело:

– Нејмар ќе заигра за Реал, рече тој  одговарајќи на новинарско прашање за комапктибилноста меѓу Реал и бразилските ѕвезди.

– Секако дека би се вклопил во тимот… тој би бил лидер на тимот.. јасен беше Марсело.

Но не сите мислат дека доаѓањето на Нејмар во Реал е добро.

– Не би сакал да го видам во Мадрид, а најмалку во Реал, изјави премиерот на Шпанија.

ЦЕНТРАЛНА УЛОГА 4-3-3

Нејмар обично игра на левата страна, но таа позиција е во Реал, барем моментално е зафатена од Кристијано Роналдо.

Овие денови не е ништо чудно да видиме екипа која игра со три офанзивци, без вистински централен напаѓач.

Кралевите би можеле веројатно да тргнат со една таква офанзивна тројка, во токму таква формација.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*