Созреани се условите за отворање на “Музеј на Македонските песна и ора“

Од ден во ден, од година во година, за жал, се повеќе созреаа условите и се наметна потребата за отворање ,,Музеј на Македонските песни и ора”…, во кој музејските поставки би ги сочинувале експонати со македонски мелос, во прилог со податоци за регионот од кој потекнуваат, мелографирани нотни записи, аудио формат, кратки преданија за начинот на настанувањето, приликите во кои се изведувале, и сл…; пожелно би било наставните програми во образованието од сите нивоа да вклучуваат еве нека е незадолжителна посета, бар еднаш годишно; може и по принципот на библиотеките, да функционира децентрализирано, во повеќе населени места…; покрај културно- научниот и образовен карактер, една ваква установа би можела да користи и во угостителството (со ресторан, бифе, шанк во состав)…; финансирањето на еден ваков резерват, покрај приходот од влезниците од посетителите, би можело да се реши и со одреден процент од средствата кои ги плаќаат за дозволите за работа локалните и националните радио и ТВ станици, на кои веќе со години е реткост да се слушне македонска музика (инаку поим, кој најесто е погрешно разбран и се меша со јазикот на кој е текстот, или декларативно изразената етничка припадност на авторот, изведувачот, и сл…) Дополнителна аргументација за ваквата потреба, може да се прибере со едноставно пребарување на фреквенциите на радио и ТВ каналите, со кратки блиц посети на угостителските објекти, со анкети на населението и сл. Убеден во високиот космополитски дух и модерената, либерална свест на надлежните, се надевам дека е можно да дозволат и поддржат еден ваков тип на резерват, за потребите на една од маргинализираните групи на граѓани…

Пишува: Благоја Здравковски

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*