Сопственикот на клубот милијардер, а тренерот на неговиот клуб со најмала плата во Серија А

Џенаро Гатузо е најмалку платениот тренер во Серија А, откако неговата плата е се уште истата од кога беше тренер на помладиот тим. Поранешниот фудбалер на Милан беше назначен за наследник на Винченцо Монтела.

Според Газета Дело Спорт Гатузо ја има платата од 120 000 евра на година. Дури претпоследниот тренер на Верона Фабио Пекиа зема двојно повеќе од Гатузо – 250 000 евра годишно.

За споредба тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри има плата од 7 милиони евра по сезона, а Интер на Лучиано Спалети му дава неверојатни 4 милиони евра. Претходникот на Гатузо имаше плата од 3 милиони евра по сезона.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*