Таткото на Ејми Вајнхаус: Нејзиниот дух редовно ме посетува и ме гледа со нејзиното прекрасно лице

Поминаа шест години од смртта на британската пејачка Ејми Вајнхаус, но според изјавите на нејзиното семејство, таа се уште е присутна. Таткото на Ејми, Мич Вајнхаус тврди дека духот на неговата ќерка често го посетува. Како што раскажува тој, духот на Ејми често седи на ивицата на неговиот кревет во домот во Кент. – Имаме сите свои моменти, особено на нејзиниот роденден на 14 септември. Тешко е тоа. По три години од смртта почнав да размислував дали може да се врати во некаков облик и таа се врати – не физички, но во духовна смисла, раскажува Мич. – Се случуваат многу чудни работи. Нејзиниот дух дојде во мојата соба и седна на ивицата на мојот кревет. Седи тука и ме гледа со нејзиното прекрасно лице. Станувам нервозен кога таа е тука, а Ејми на некој начин ме теши бидејќи знам дека е тука покрај мене. Мич кажува дека непосредно по смртта, Ејми му се појавила во форма на кос, птица која што ја имаше истетовирано на раката. – Недела дена откако почина, бев во куќата на мојата сестра. Беше ноќ, а птиците не летаат ноќе. Кос се удри во прозорецот, па го зедовме во куќата. Се подигна, слета помеѓу нас и започна да пее. Тогаш помислувате дека тоа е само птица, но тоа беше таа. Сигурен сум во тоа, вели Мич. Ејми Вајнхаус почина на 23 јули 2011. година во својот дом во Лондон, како последица од труење со алкохол.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*