Трговија

Го уапсија Игор Југ…Со кршење на вратата, онака филмски.
Чавков не е. Оние вратарине од собрание кои крмат за патни трошоци месечно колку годишна плата на македонски работник, исто не се. Игор Југ е кривецот. За продаање приказна дека ете, правдата ќе биде задоволена. Бетменчо го нема во приказната. Оние шо одеа со дигнати корпи на багерите свртени кон собранието исто така. Саво Климовски кој кажа дека од народот до собрание има само 20 метри, исто така не е.
Мајмуните кои ја палеа атмосферата до вриење, беа логистика за крвавиот 27 Април не се тема на муабет. За голата раја, Игор Југ, старчето шо кубеше пратеничка се главните актери. Оние кои не сакаа да седат дома по влечки, како шо рече онаа пиздана која синоќа на АЛСАТ се лигавеше колку он бил фин и толерантен кон Албанците. Оној кој го труеше народот со омраза, со теории на заговор и со шеми кои беа само во неговиот забеган мозок. Дечките кои ги апсат се дома. Немаат резервна татковина.
Во меѓувреме Талат тера симултантки, Антонио го потсетува Албанецот кој има кратко помнење дека он и Грујо го признале Косово, затоа што и они почнаа да бистрат политика и да се удвараат пред налетов на ова Тиранскава платформа. Главните виновници за настаните у Собрание ги нема никаде 😉 Сега си фини и толерантни…
А Уставот нема да се мења. Среќа иаме европско знаменце за носење закони па под тоа знаме може и да го смениме името? Да ја шитнеме комплет државава. Закон за јазици спакуван у 3 дневна дебата у која тие шо го предлагаат воопшто не дебатираат, а тие кои наводно не го прифаќаат, си кажуваат вицеви на говорница. Талат им мава остри по цеваница и ги потсетува какви патриоти биле со претходниот закон за јазици, амнестијата на Хашките, Косово…
У цел тој амбиент на партиски пазар, фингирана демократија,народот се најде затечен. Веќе не ги препознава големите демократи кои нели, немаше силеџиски да носат закони од општ интерес, како и оние со црвено-жолтите панделки кои се сега сокриени ко путиња под кошула…
Бетменчо! Абе кај ци ти. Тебе те пикнаа у ИК на ДПМНЕ е то? Права слика и прилика си на сиот овој циркуз и пародија од кои страдание и суд ќе видат само оние кои искрено ја сакаа оваа земја. Вие бројте си ја кешарицата. Таа секна, секна и вашата борба. Секнаа мобилизациите по штабојте. Еднаш да излезевте со чист патриотиски мотив на улица, сеуште ќе бевте таму 😉 Ама сеа ве боли кур! Пиете пивце со вашите партиски шефој а искрените патриоти ги продадовте. Ги заборавивте! Тоа беа ваши следбеници!
Во глобалната наша слика на парламентаризам, плурализам и повеќепартиски систем останува заклучокот дека ние Македонците останавме најголемите мазохисти на светот. Од Албанците може да зееме школо како се уништуваат политичките партии во име на нивната кауза која ги добива битките. Македончето и по 27 години, остана на своите трговци, кои го шиткаа минативе 27 години. СДСМ И ДПМНЕ доживотно. И кај едните и другите, тепачки кој да биде на советничките листи. Кој да биде функционер и лапач. Тука во дим исчезнуваат приказните за големи завери, странски сили и Украински сценарија. Се е сведено на укотвување на нивните гзиња во фотељите.
У меѓувреме. Маестро Талат ќе ве маа по тиквите како мали деца. Да ве подзатне баш на време коа ќе почнете да продаате магла у јавноста…
И онака народски кажано? Ружен ви е Законот за јазици. А уште поружен е начинот на кој го туркате. Ружни се и советничките листи за локални! Ружни се и советниците у влада кои сега заќутеа. Ружни се нашите самоубиствени нагони. Приказната околу нашиот Вардар? Можам да кажам, една од најубавите работи кои ги добивме минативе години. Години на радост, на гаење спортски дух, наспроти заканите со крв и Ќосиња. Ќосињата ќе заминат, може и ќе бидат дислоцирани. Додека она орлено со натпис на УЧК гордо се перчи у Чаир и не потсетува сите нас, какви имбецили сме у суштина…
#СлободаЗаПатриотите
Пишува: Булеварко

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*