Трофејот од ЛШ на ПСЖ ќе им го донесе ново лице: Еве кој ќе го наследи Унаи Емери (ФОТО)

Унаи Емери пред извесно време самиот призна дека неговата етапа во ПСЖ е пред самиот крај, а со тоа стана јасно дека францускиот првак во новата сезона ќе има едно друго лице, односно на клупата ќе има нов предводник кој ќе се обиде да ја исполни најголемата желба на газдите од Катар, трофејот во Лигата на шампионите.

Она што се шушкаше неколку месеци во јавноста, ова попладне и официјално е потврдено од страна на самиот клуб, па така поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел ќе го преземе тимот започнувајќи од овој јули.

– Со големо задоволство, чест и абмиција доаѓам во овој клуб и со нетрпение чекам да почнам да работам со овие феноменални играчи, едни од најдобрите во светот. Ќе направам се што е во моја моќ ПСЖ да ги оствари зацртаните цели, пред се во интернационалните натпреварување. Потенцијалот на овој тим е неверојатен и едноставно не постои клуб во светот кој нуди подобар проект, – вели Тухел.

 


Извор: Дерби.мк

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*