Уапсена градоналчаничката на најголемата населба во Софија (ФОТО)

Градоначалничката на населбата „Младост“ во Софија, Десислава Иванчева беше уапсена денеска во центарот на бугарскиот главен град. Според извори на БТВ , операцијата е поврзана со претходна постапка за корупција, што била во надлежност на Специјалното обвинителство на Република Бугарија.

Информацијата за причината за апсењето на Иванчева е делумно потврдена од страна на портпаролот на обвинителката Румјана Арнаудова, јавуваат бугарските медиуми.

Уште нема официјална информација за што точно е уапсена Иванчева. Според поранешниот пратеник на владеачката партија ГЕРБ, Антон Тодоров, таа била фатена со мито. Иванчева изјави дека не знае зошто е уапсена.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*