Харадинај самоуверен: Косово до 2020 ќе влезе во НАТО и ќе добие своја војска

На меѓународната конференција „НАТО и Западниот Балкан“ што се одржа во Приштина, премиерот на Косово, Рамуш Харадинај додаде дека до крајот на оваа деценија, државата ќе стане дел од НАТО, откако претходно ќе се зачлени во програмата Партнерство за мир.

„Косово наскоро ќе има своја армија во соработка со НАТО, до 2020-та година, се планира да се стане членка на Алијансата“.Гледаме на Алијансата како на посебен фактор за стабилност во регионот, особено кога станува збор за борбата против радикализмот. Вооружените сили на Косово ќе го помогнат овој процес и ќе ја гарантираат безбедноста на сите граѓани на Косово“изјави Харадинај.

Според неговите зборови, сите земји од регионот се соочуваат со различни предизвици истакнувајќи ги како примери – влијание на Русија врз Балканот, екстремизмот, организираниот криминал, сајбер нападите и социо-економските турбуленции.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*