Хуманитарната организација „Свети Спас“

Хуманитарната организација на скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА “Свети Спас” има за цел да им помогне на оние луѓе на кои им е потребна помош. Помошта се состои во храна, хигиенски производи, облека, обувки и т.н. Засега им помага на 140 семејства на кои што континуирано, секој месец, им носи храна, хигиенски производи, облека и  друго низ цела Македонија.

Овој месец се соочуваат со недостиг на храна и хигиенски производи !

Да помогнеме сите заедно, со нивна помош донациите  секогаш да одат  на вистинското место !!

Нивната работа можете да ја следите на нивната  Facebook  група: Хуманитарна организација “Свети Спас”

Сите хумани граѓани кои не се од Скопје можат да испратат  донации преку  http://www.kargoekspres.mk или  http://www.doma.mk .

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*