Ципрас на тест пред грчкиот парламент, попладнево ќе се гласа доверба на владата

Главната опзициска партија во Грција, Нова демократија, поднесе иницијатива за гласање доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас поради договорот за промената на името, пренесува „Ројтерс“.

Информациите ги потврди лидерот на партијата, Киријакос Мицотакис.

„Имам обврска кон грчкиот народ да се обидам да го спречам ставањето на иднината на нашата татковина под хипотека со договор што им штети на националните интереси“, рече Мицотакис.

Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, појасни дека довербата ќе се гласа попладнево, веднаш по завршувањето на гласањето за реформите од спасувачкиот план за Грција.

Владејачката коалиција на Ципрас има 154 места во 300-члениот парламент во Атина. Вакво гласање ќе се случува првпат откако Ципрас ја презеде функцијата во 2015 година.

Повеќе за ова на Makfax.com.mk – ОВДЕ

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*