ЧЕЛСИ НА СЛАТКИ МАКИ: Бејл плус 90 милиони фунти за Азар! Заминува ли Еден во Мадрид?

Герет Бејл ја игра последната сезона во дресот на кралевите, а според шпанските медиуми управата на клубот од Мадрид веќе испратиле официјална понуда до управата на Челси, каде што го нудат Бејл плус 90 милиони фунти за лидерот на Сините од Лондон.

Со ова Реал би можел да излезе вистински победник во целата оваа трансфер игра, бидејќи неговата цена одамна падна, а првите луѓе на мадридскиот клуб се сериозно заинтересирани за пристигнување на белгискиот репрезентативец Еден Азар. Челси не сака туку така лесно да се откаже од услугите на својот најдобар фудбалер, па токму затоа клубот од Мадрид одлучи да излезе со една ваква понуда, со која „Сините“ би добиле 90 милиони фунти плус Бејл.

Овој пакет може да биде примамлив за Челси, ако се земе во предвид фактот дека и таму работите не стојат добро, па оттаму и планот на Абрамовиќ да направи освежувања во тимот, одврзувајќи го ќесето и дозволувајќи му на стратегот (сегашен или иден) да направи промени кои ќе го вратат Челси на шампионските патеки.

Засега овие информации се уште не се потврдени од двата клуба, а дали Реал навистина ќе излезе со една ваква понуда до лондонскиот клуб, останува да видиме.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*