Што ако сите станеме вегетеријанци?

Желбата на секој вегетеријанец е светот да се исполни со луѓе како него. Но ако тоа навистина се случи, што ќе стане во реалноста?

Ова прашање си го поставиле во американската национална академија на науките, кој објавуваат големо истражување.

Генералниот заклучок е неверојатен: ако 100 проценти од американското население станат вегетеријанци, тоа ќе биде вистинска катастрофа.

Ако американците престанат да јадат месо, општото количество на храна, со кое располагаат, ќе се зголеми. Ова ќе биде затоа што многу од житариците што сега одат за добиточна храна, како пченка и соја, можат да ги користат луѓето. Тоа е 23 проценти повеќе храна.

Оваа промена значи дека присуството на некои исклучителни важни хранливи материи ќе се поачи значително и дури ќе го надмине количеството, од кое населението на САД има потреба. Тоа се јагелни хидрати, магнезиум, бакар и цистеин.

Но, во исто време, набавката на некои важни хранливи материи од производи од животинско потекло ќе се намали. Станува збор за калциум, витамин А, витамин Д, Б12 и разни масни киселини.

Некои од овие хранливи материи се поврзани со намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања развој на видот и мозокот кај децата и острината на видот.

“има некои нутритивни потреби кои не можат да бидат задоволни со потрошувачката на растителните производи“, рече Хал, еден од авторите на студијата. “не е случајно што човекот во неговата еволуција достигнува фаза – семоќно битие“, додава тој.

Од друга страна, истражувачите исто таа ги земаа предвид повиците на здравствените експерти кои препорачуваат да се јаде повеќе овошја и зеленчук. Тие признаваат дека диетите базирани на растителната храна се многу корисни за здравјето и водат кон долгорочни диететски резерви. Секогаш е подобро да се добијат хранливи материи директно од храна, а не од додатоци во исхраната.

“Сосема е можно поединците да ги добијат сите хранливи материи, со внимателно измерени порции од растителна храна, но за целото население ова може да се покаже како проблем“, се вели во студијата.

Ако САД станат држава на вегани денес, Американците ќе мора да ја формираат своајта диета, така што нема да им недостасуваат важните супстанции, кои до моментот ги добивале токму од месото. Со оглед на тешкотиите со кои многу луѓе се соочуваат при обидат да се хранат здраво, од кои некои не се од финансиска природа, вегетацијата генерално не е позитивна за јавното здравје.

 

Добивање месо без убивање на животни

 

Некои научници тврдат дека е можно да се создаде месо од животински клетки кои се одгледуваат во биореактори без да мора да се убиваат животни. Звучи малку како научна фантастика, но научниците веќе создадоа такви хамбургери и се очекува веќе следната година производите од ваков тип месо да стигнат до пазарот.

Креаторите на „вештачкото месо“ ќе го направат да изгледа како реалното месо до најмалите детали. Сите позитивни аспекти на исхраната на месото ќе бидат зачувани, па дури и се дебатира дали може да бидат малку зголемени.

 

Влијание врз животната средина

 

Овој аспект се појавува во истражувањето, бидејќи се повеќе и повеќе луѓе дискутираат дали укинувањето на сточарството ќе доведе до значително намалување на емисиите на штетни гасови.

Според истражувањето, во модел без животни, емисиите ќе паднат за 28%. Бројката е голема, но тоа е пад од 2,6% во вкупните емисии на штетни гасови. За жал податоците не можат да се пресметат со точност и не е јасно каков ќе биде реалниот ефект. Според Агенцијата за заштита на животната средина на САД, земјоделството, вклучувајќи ги растенијата и добитокот, заедно „произведуваат“ 9% од емисиите на штетни гасови. Многу експерти се согласуваат дека голем дел од емисиите на штетни гасови се должат на земјоделството, но кој процент се уште се дискутира.

 

Потребни се повеќе истражувања

 

Поради оваа причина, Сал вели дека би сакала да види повеќе анализи кои го истражуваат целиот производствен циклус во сточарството и неговото влијание врз животната средина и исхраната. Ова значи дека се потребни повеќе истражувања од раѓањето на животното до неговата смрт, следење на производот од моментот на зачнување, обработка, производство, дистрибуција и евентуално уништување.

Сепак, собирањето на овие податоци ќе стане сè поважно, особено со оглед на фактот дека бројот на населението на Земјата ќе се зголеми и климатските промени ќе продолжат. Ова неизбежно ќе влијае на начинот на производство на храната.

“Треба да видите како јадат Американците. Тие како да го јадат светот”, вели Хол. “Без оглед на начинот според кој треба да се раководиме, ние треба да бидете сигурни дека постојат сите хранливи состојки што им се потребни на луѓето, и ако одлучиме да го смениме системот за производство на храна, треба внимателно да ги разгледаме секторите на кои ќе влијае оваа промена”.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*