Што се случува кога ќе го пензионирате Роналдо на ФИФА 18?

Ова е незамисливо во реалниот живот

Кристијано Роналдо е лик од насловните на ФИФА 18 и станува играч кој ги интересира сите што ќе се случи со португалецот на оваа игра кога неговата кариера ќе заврши.

Во Career Modeu секој фудбалер може да го пензионирате без оглед на неговите години, а таква е ситуацијата и со Кристијано Роналдо. Меѓутоа, она што после тоа се случува не само да не е реално, туку веројатно е и невозможно во реалниот живот.

Роналдо на ФИФА 18 брзо се враќа на фудбалот после завршувањето на својата кариера, но во друга улога. Набргу станува тренер на Барселона Б, а автоматски му се менува изгледот па така престанува да личи на себе.

Уште еден интересен податок е што Роналдо на почетокот на својата тренерска кариера во Б екипата на Барса добива плата од 13. 000 фунти неделно, колку во реалноста би заработувал додека наутро си го измие лицето.

Кристијано Роналдо Фифа 18

Кристијано Роналдо има 33 години но не изгледа како да планира наскоро да ја заврши кариерата. Тој, игра во феноменална форма и оваа година веројатно повторно ќе биде добитник на бројни индивидуални признанија.

 

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*