Јавната администрација не е туристичка агенција

Административците вработени по Рамковниот договор , не само што не допринесуваат за државата, а се на товар на буџетот, туку и ќе имаат можност да направат избор за работата која ќе им се понуди како опција?!
Вакви реформи во јавната администрација не постојат никаде во светот, ниту може на некој ваква идеја да му падне на памет да направи во сопствената држава, освен се разбира во нашата ‘‘чудесна земја‘‘.
Ми звучи како оние понудите од туристичките агенции – ‘‘ ако не ви се допаѓа оваа дестинација, ќе ви понудиме некоја друга што ќе ви одговара повеќе ‘‘. Државата не е туристичка агенција да дава понуди за работни места и да си поигрува со интелегенцијата на граѓаните.
На привилегираните ‘ вработени‘ кои го празнат буџеот и се на товар на граѓаните, единствено треба да им се даде еднократна понуда за работно место кое соодетствува според обазованието и професионалното искуство. Доколку не ја прифатат, ќе си аплицираат повторно, исто како останатите граѓани на Република Македонија, кои на списокот во Агенција за вработување ги има доста.
Дискриминирачки и демотивирачки е за веќе вработените во јавната администрација, оние кои со години чекаат некакви реформи за подобрување. Особено е дискрминирачки за интелектуалната и амбициозна младина во нашата држава, која за жал се повеќе е разочарана и излез за егзистенција бара надвор од границите.
Ајде да направиме една ретроспектива на ситуацијава. Во изминатите 10 години оваа група на граѓани земаше месечни примања во просек 490 еур по вработен, а немаат никаков допринес за државата. По некои груби пресметки тоа би било загуба на државниот буџет за околу 94.080.000 еур. Покрај распределбата по јавниот сектор ќе можат и да бираат каде сакаат да работат?
Епа драги мои, не знам дали е во ред да продолжиме да молчиме за ваквите состојби и за ’решенијата’ што се нудат од владеачките структури.
Автор : Јована Спасевска, Член на ИК на ГДУ

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*