Јајоска: Коневски како директор на ПУИК им делел тендери на луѓе блиски до фамилијата

„За Ивица Коневски не постојат ниту закони ниту транспарентно работење. Коневски како директор на поранешно ПУИК замижувал пред тендерски процедури за доделување на деловни простории под закуп на атрактивни локации. Тој не им давал шанса на конкурентските фирми, ниту пак склучените договори од јавните наддавања биле реализирани по цените од наддавањето.

Според документацијата од претпријатието може да се увиди дека првак во добиени тендери била фирмата „ЈМС Инвестмент“ зад која стои Aдвокатското друштво „Чукиќ и Марков“. Во дејноста познати како адвокати кои ги застапувале јавните претпријатија со кои раководела тогаш владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Предмет на интерес на адвокатите била атрактивна локлација на ул. Македонија од 80 м2.

За да го добијат просторот под закуп, а на крај и да го купат имале помош од раководството во ПУИК.
Постапките за добивање на деловните простории под кирија ги добивале наследниов начин:
Во 2008г.на неколку огласи од ПУИК , фирмата на адвокатите блиски до ВМРО-ДПМНЕ конкурирала со двојно или тројно повисоки цени споредбено со останатите. Нуделе дури по 131 евро од метар квадратен за закуп на деловен простор. Со ваква понуда тие секогаш биле добитници на понудите, но не ги склучувале договорите, по што огласите повторно биле огласувани.

Ваквата постапка се повторувала се додека конкурентските фирми не се откажувале. Тендерите се повторувале и по повеќе пати. Откако сите ќе се откажеле, „ЈМС Инвестмент“ конкурирале сами со цена од 26 евра и истиот деловен простор во строгиот центар на градот го добивале за оваа багателна цена.

Во неколку наврати за да го прикријат идентитетот двајцата адвокати на тендерите некогаш конкурирале под името на фирмата „ЈМС Инвестмент“, а некогаш настапувале како Адвокатско друштво „Чукиќ и Марков“. Потписник на целокупната документација е кумашинот на Ивица Коневски – Никола Спасовски, како претседател на Комисијата за издавање на деловен простор под закуп.

Ивица Коневски е должен да одговори, дали и колку провизија е земена за овие малверзации? Која е неговата улога во овие тендери и каква е неговата поврзаност со компанијата-миленик на ВМРО-ДПМНЕ? Граѓаните веќе ја знаат вистината за криминалното работење на Коневски и затоа ќе го казнат на 15 октомври. Ги повикуваме институциите да го истражат случајот“, изјави Рената Јајоска, кандидатка за советничка во Советот на Општина Аеродорм.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*