Ќе биде ли македонската јавност сведок на уште еден спектакуларен ТВ дуел меѓу двајца македонски политичари? (ВИДЕО)

Ако пред 20 години гледачите пред малите ТВ екрани можеа да гледаат ТВ дуел на политичари, па макар истиот да биде со лични навреди на учесниците, денеска ретко кога може да се види дуел меѓu политичар од власта и политичар од опозицијата.
Дуелите на политичари од највисок ранг, како што се претседателите на водечките политички партии
во државата се реткостодносно последниот, а можеби и единствениот што го памети македонската јавност е дуелот меѓу некогашните претседатели на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски.

Вечерва, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел пред граѓаните на Република Македонија, за како што рече, со аргументи да се соочат пред граѓаните на Република Македонија, како и да дискутираат за сите политики на оваа влада.

Дали македонската јавност ќе гледа еден таков дуел останува да видиме деновиве, кога веројатно се очекува премиерот да даде одговор на овој повик на лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*