Џафери со изјава по изгласувањето на законот: Говореше прво на албански, па на македонски јазик

Претседателот на Собранието Талат Џафери по изгласувањето на законот за јазици одржа прес-конференција на која најпрвин се обрати на албански јазик, па потоа на македонски јазик.

“Коментарот за однесувањето на пратеникот Никола Груевски, до вчера премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сметам дека немам потреба јас да го коментирам. Секој еден граѓанин кој што ќе го види неговото однесување, ќе си го каже своето.

Однесувањето на дел од пратениците не смее да биде разбрано како провокација на меѓуетничка основа.

По однос на тврдењата и оценувањето на уставноста на законите единствена надлежност е на Уставниот суд, кој според соодветна постапка ќе одлучи дали изгласаните закони се уставни или не. Тоа не е во надлежност на Собранието“, рече Џафери.

Со фрлањето на вода при гласањето од страна на Груевски беше оневозможено електронско гласање по што истото беше спроведено рачно, се добија 64 гласа и со тоа се исполни условот законот да се третира како донесен закон, додаде тој.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*