Тиквеник со локум и јаболка

Состојки:
– 1 пакетче кори
– 600 гр. тиква
– 1/2 филџан шеќер
– 140 гр. локум
– 100 гр. ореви мелени
– 4 јаболка
– 100 гр. путер
– 1 лажичка цимет

Подготовка:
Исчистете ја тиквата и изрендајте ја. Излупете ги јаболката, пресечете ги на мали парчиња и попрскајте ги со циметот. Локумот исечете го на мали парчиња.
Вадете по два листа еден врз друг од кората. Ставете малку стопен путер, посипете со шеќерот, тиквата, јаболката и оревите. Ставете неколу парчиња локум и завиткајте ја кората како ролат. Повторете ја постапката со сите останати кори.
Во намрсена тава, завиткајте ги корите во вид на полжав. Одозгора на корите ставете путер. Печете во загреана рерна за 180 степени се додека корите не добијат жолто -златна боја. Пред сервирање посипете шеќер во прав.

На здравје!

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*