4 вкусни рецепти за дресинг сосови за во салата

Сосот е онаа завршна нота која го претвора зеленчукот во апетитна салата. Погледнете ги следните 4 вкусни и лесни рецепти за сосови за во салата:

1. Сос за салата Цезар
Салата Цезар – вкусна, популарна и присутна во менито на секој добар ресторан. Потребни производи: 2 лажици мајонез, 1/2 лажичка сенф, јаболков оцет (по вкус), пармезан, 1 прстофат бибер, 1 лажица соја сос и сол (по вкус). За да се разреди дресингот, по потреба може да се додаде вода.

2. Сос за салати од зелен лиснат зеленчук
Потребни производи: 3/4 чаша маслиново масло, 1/4 чаша балсамико оцет, сол и бибер по вкус. По желба можете да додадете сенф, кромид, лук, мед и свежи зачини (во зависност од вкусот и салатата, за која го приготвувате дресинг сосот).

3. Дресинг сос во италијански стил
Потребни производи: 1 чаша маслиново масло, 1/2 чаша јаболков оцет, 2 лажички вински оцет, 2 чешниња лук, 2 лажици сецкан кромид, 2 лажици ситно исечкана црвена пиперка, 2 лажици сенф, 1 лажичка мед, 1 лажичка сол, 2-3 прстофати оригано, црн и црвен пипер по вкус.

4. Брз крем- дресинг сос со јогурт
Потребни производи: 3 лажици јогурт, 1 лажица сенф, малку шеќер, сол и бибер по вкус, 1 лажица вински оцет. По желба можете да додадете 1 лажица мајонез.
Овој крем- дресинг сос е идеален за овкусување на салати со марула и рукола.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*