10.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Гарет: Се надеваме на соработка со новата влада

Амбасадорот на Велика Британија изјви дека партиите работат на составување влада и се истражуваат сите можности.

„Ситуацијата се уште не е решена, партиите работат на составување влада и ги истражуваат сите можности врз основа на изборите на 11 декември“, изјави Гарет, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Конференција посветена на споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа.

Британскиот амбасадор изрази надеж за соработка со идната влада во насока на продолжување на реформите.

„Се надеваме дека ќе можеме да работиме со новата влада со посветеност на реформите“, рече амбасадорот Гарет.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави