Алекса успеал да го преживее страшниот судир во Србија – „Одеднаш почна се зад нас да пука и да се слушаат крици“

Триесет и пет годишниот Алекса Илиќ од Крушевац поедини српски медиуми утринава на своите портали го прогласиле мртов, а тој имал само среќа да остане жив во целосно смачкано „Пежо 206“ во сообраќајна несреќа која се случила завчера кај Јагодине. Неговата пријателка која била со него во автомобилот за среќа поминала без гребатинка.

„Кога ќе го видите автомобилот навистина е нестварно да поислите дека сме живи. А, утринава беше вознемирувачко кога јас и моите блиски прочитаа на порталите дека сум поодлегнал на повредите и дека сум мртов.

Тоа е објава на една куќа, а потоа другите почнале да преземаат, така што веднаш се јавив кај најблиските да им кажам дека тоа не е точно“, вели Илиќ.

Тој вели дека сите во колоната по лизагавиот коловоз возеле полека.

„Ние кај еден мост ја воочивме маглата, но нормална магла, не така густа. Потоа полека влегувавме во некој густ црн дим каде не се гледаше ниту трака ниту лента за запирање. Не се гледаше никаква светлосна сигнализација. Не се гледдаше ништо ниту метар од нас, па затоа некој не удри од зади, а ние виеројатно удривме во приколка. Пријателката тогаш ми рече „излегуваме Ако, излегуваме“.

Излеговме и негде пред банкината повторно се слушаа удари и крици. Пукаше на сите страни, но тоа не можевме да го видиме од црниот дим. Јас само се сеќавам како после ударот одзади рефлексно свртев на лево. Не знам дали тоа не спаси“, раскажал Илиќ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*