Ало Димитров, а ќе не биде ли?!

Ало Димитров, а ќе не биде ли?!

ЌЕ НЕ БИДЕ, МОРА ДА НЕ БИДЕ МИШКО, помалку треперливо, помалку мотиваторски, а најмногу себе охрабрувачки се пренесуваше гласот на Министерот за НР на РМ Димитров, сечејќи го во едно мрзливо запурно и апатично попладне топлиот воздух во собата, кој климатизерот упорно се обидуваше да го замени со нов СВЕЖ, НАДЕЖЕН, БОРБЕН…

Не не, нема да не биде, како да говореше збунетиот лик на водителот… И навистина, онака реторички, ќе не биде ли, ќе успее ли референдумот, ќе не огрее ли и нас сонцето??? Што со него, што без него? Сите како под копир го кажуваат она што го научиле наизуст, да не погрешат случајно, едните да не ги искарат, другите да не ги изгубат гласачите и рејтингот кој и единствено ги интересира.

“А народ гледа“ нели, и тој, (барем оној што не го слушал Латас годињево, КОЈ ВРЗУВА МЕСЕЦ СО МЕСЕЦ, КОЈ ГИ ПУШТА ДЕЦАТА ДА ИГРААТ ГЛУПИ ИГРИЦИ, за да не им текне да побараат нешто посуштинско), ЗНАЕ, нема да не биде, БАРЕМ НЕ СКОРО. Ако ја тргнеме Швајцарија каде референдумите се нешто нормално и нестресно, секаде на друго место, држава ,РЕФЕРЕНДУМ Е голем демократски чин кој речиси е секогаш добро подготвен и речиси секогаш се знае исходот.

Ние, т.е. “вождот“ последниве 12 години, пред падот, не го вадеше од уста народот, не поминуваше интервју да не му даде на народот лижавче и да не му всади лажна големина дека САМО ТОЈ, НАРОДОТ може да одлучи и никој друг. А народ ко народ, неможајќи да се справи со предизвиците и демандите на секојдневието, бегајќи од проблемите кои навјасуваат, најлесно му беше да си замисли дека тој сето тоа, сите проблеми ги остава “за понатака“ да ги реши, сега има попатриотска и посуштествена ОДГОВОРНА РАБОТА, ДРЖАВАТА Е ВО ОПАСНОСТ..Нешто како по ВСВ, кога нешто не оди, партизански филмови и Бугарите напаѓаат. Сврти го вниманието, испробан рецепт.

Димитров, пријателе, за да направиш референдум, не треба луѓето за уши да се влечат, со палки да се тепаат со војни да се зкануваме ако демек не успее. Мицко, и остала трета (несртеќна) опција на Миленко, Палчо, Вилипче, Солза,истото, не барајте луѓе да бележите кој оди за да потоа “видат они“. Не го продлабочувајте јазот и поделбата уште подлабоко. Грујо ја заврши таа работа за 10-ка. Требаше, да размислите кога ВОЈВОДАТА кај истиот Мишко постави за мене МОЌНО ПРАШАЊЕ: “КАДЕ ЈА ГЛЕДАШ ТУКА МАКЕДОНИЈА“? Човекот нудеше кохезија, нудеше делумна амнестија и прошка за некои дела со цел да не се поделиме уште подлабоко. Велеше назад парите и сите 20 години НАДВОР ОД ПОЛИТИКАТА, НА СИТЕ ЗАМЕШАНИ СЕГДЕ. Со создавње фронт, со умна и фокусирана кампања наместо со стихијни изјави ќе се пополнеше вакуумот кој сега го пополнија секакви “душегрижници и патриоти“ СО БОЈКОТ испишано знаме (бојкот е лесно, што потоа?). Ќе се создадеше момент кога наместо народот да го “местиме“, целата ОДГОВОРНОСТ ќе ја превзема политичарите, и немаше нас да не боли глава и да думаме…Народот и онака нема време да размислува, презафатен е со секојдневни проблеми, и ќе изреагира емоционално, а во политика емоции нема.

Е, тој говореше, дури и сликовито, со мачка во соба која ја фаќаш ако при тоа и го затвориш единствениот излезот…Сега останува да си ја чука народот главата, консултативен ли е, решавачки ли е, законски ли е не ли е?….Ќе не биде или нема.?

Мишко брат, пушти реклама, климатизеров незадоволува. Дај друг(о) (дете).

Пишува: Коко Колар 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*