АЛО ГРАДОНАЧАЛНИК

Сечените гранки од дрвата и покосената трева се во надлежност на град Скопје т.е на јавното претпријатие Паркови и Зеленило. Ова се наоѓа на улица Волоградска во Карпош 4. Граѓаните велат дека ова стои вака повеќе од 10 дена, изразувајќи загриженост дека на високите температури од 40+ може да се појават змии и други опасни животни кои можат да го загрозат животот на граѓаните. Читател ни ги испрати овие фотографии и упати апел до надлежните ова што побргу да се доведе во нормална состојба.

Жителите велат дека алармот е вклучен и оти надлежните институции под итно треба да превземат соодветни мерки.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*