Англија ликува на сметка на Италија: Ливерпул и Тотенхем ги исфрлија Интер и Наполи од ЛШ

Англија ликува, Италија е во разочарување. Од фудбалски причини. Ливерпул и Тотенхем ги добија битките со Интер, односно, Наполи и продолжуваат во осминафиналето во Лигата на шампиони на УЕФА. „Црвените“ на „Енфилд“ го совладаа Наполи со 1:0 во дирекната пресметка за второ место во групата Ц и се најдоа во друштво на најдобрите 16 на стариот континент. Стрелец на единствениот погодок за составот на Јирген Клоп беше Мо Салах во 34. минута по асистенција на Милнер. Во вториот меч во конкуренцијата, ПСЖ во Белград славеше над Црвена звезда со 4:1.

Победник немаше во двата меча од последното коло во групата Ц. Барселона ремизира на „Камп Ноу“ со Тотенхем – 1:1, резултат со кој заврши и дуелот на „Џузепе Меаца“ меѓу Интер и ПСВ Ајндховен.

Шампионска пролет на „спарси“ им донесе Лукас со израмнувачкиот погодок во 85. минута, откако Дембеле осигура водство за Каталонците во седмата минута.

„Нероаѕурите“, пак, не успеаја до трите бода на домашен терен иако против себе вечерва го имаат отпишаниот ПСВ Ајндховен. Холанѓаните поведоа преку Лозано во 13. минута, тимот на Лучано Спалети израмни со голот на Маурио Икарди во 73. минута, но сили за пресврт немаше кај калчолигашот чии фудбалери, навивачи и управа, сепак, ќе мора да најде утеха преку нокаут фазата во Лига Европа.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*