АНОНИМНА – Да го сакав колку што го изневерував, досега ќе беше најсаканиот маж во светот

Бевме како Бони и Клајд, секогаш се разбиравме без зборови, се додека мојот Клајд не почна да зборува. Тогаш настануваше конфликт, знаете не треба да се плашите од тишината во врската, плашете се од двосмислените зборови искажани со скриена намера.

Мојот Клајд се претвори во Квазимодо и често знаеше да ми се качи врз глава, а потоа да ми удира во ушите со своите зборови како камбана. Но, го сакав, мислев дека нема да најдам некој како него, некој што ме разбира без зборови, затоа и започнав да пишувам, бидејќи повеќе не ме разбираше без зборови, морав да му напишам за да ме разбере. Пишував, индиректно му кажував дека нешто не е во ред со нас, но изгледа дека Клајд беше неписмен, никогаш не знаеше да чита меѓу редови, а таму му пишував најмногу.

Еден ден ме фати раката од толку пишување и решив да започнам да зборувам и јас, му кажав дека сакам да ме сака, на обичен начин, не сакам повеќе Бони и Клајд врска во која ќе се разбираме без зборови. Очигледно не функционира кога тој започнал да зборува, а јас се уште молчев до тој ден.

Го прашав дали ме сака, молчеше, го притискав да ми каже, а тој едноставно молчеше и оставаше тишината да ме оглуви. На крај оглувев за сите негови зборови, не слушав повеќе ништо, ете тогаш Клајд започна да зборува, кога јас оглувев, шутрак.

Кога некого сакаш, не го оставаш неизвесноста да го убие, му кажуваш дека ти значи, бидејќи тие зборови делуваат како лексилиум за оние лудите од љубов. Јас бев таква луда од љубов, но на крај полудев што не разликував љубов од опсесија, стана мојата опсесија, но оставив на времето да ме излечи од него.

Кога чувствата ги криеш, значи не постојат, а доколку постојат и ги криеш, не можеш да ги криеш долго време, тој ги криеше две ебани години. Ме остави со причина дека сум го притискала премногу со моите чувства, тоа беше моментот кога пукна нашето. Ми рече дека нема да го видам никогаш повеќе, но јас не верував во тоа, едноставно не можев да поверувам дека некој кому сум била потенцијална сродна душа ќе ме заебе на таков начин. Кога сакаш не оставаш, туку остануваш. Тој замина, а јас го чекав и баш како што си мислев повторно се врати, за да види дали се уште тапкам во место.

Се смиривме, но ништо не беше исто како порано, помина еден месец откако ме имаше оставено и таа пукнатина во врската едноставно не можев да ја пополнам со ништо, ниту со мојата љубов која беше на претек. Наредниот пат после еден месец, повторно ми раскина, но овој пат си ветив дека нема повеќе да му се вратам. Кога нештото се случува за прв пат не значи дека ќе се повтори, но доколку се случи втор, трет, четврт пат, бидете сигурни дека ќе трае до бесконечност. Повторно ми кажа дека нема да го видам никогаш повеќе, па благодарение на него сега знам дека единица мерка за никогаш е еден месец.

Овој пат се обидов да го заборавам наместо да го чекам, излегував со момчиња кои не ги гледав како ништо сериозно, сакав само секс. Откако помина тоа никогаш, Клајд повторно се јави, но овој пат дознал дека сум излегувала со некој, па го заболело. Повторно се смиривме, а потоа пак раскинавме на ист начин, но нешто беше различно овој пат. Сфатив дека колку пати и да ме остави, толку пати и ќе го изневерам, бидејќи заслужил, а не се чувствувам ниту дека сум изневерувала, кога тој секогаш ми раскинувал. Всушност, јас сум била слободна кога сум излегувала со други момчиња, како викаат сакај го тоа што го имаш, бидејќи ќе ти го сака некој друг. И јас го сакав него, но да го сакав колку што го “изневерував”, досега ќе беше најсаканиот маж во светот.

Извор: Живамеѓумртвите

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*