Апасиев: Измеќарскиот однос на власта кон „меџународната“ нема да и донесе ништо добро на Републиката

Измеќарскиот однос на власта кон „меџународната“ нема да и донесе ништо добро на Републиката.

Впрочем, низ историјата, има многу послушнички предавства кои подоцна се казнети токму од оние во чија полза се извршени – оти вашиот империјален господар, на кој беспоговорно му слугувате како некои вазали, знае колку малце вредите!

Затоа, достоинствениот и ЧЕСЕН ЧОВЕК треба да зборува како Спартанците, кога преговарале за условите за мир, тогаш кога се поразени од страна на Антипатар (330 год. пр.н.е.):

„Можете да ни наметнете тешки и разорни услови онолку колку што сакате, но не си го губете времето да ни наметнувате услови што се срамни и нечесни“!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*