БЕЗ МИЛОСТ: Ловрен ги влечеше дечките од „Пуси Рајот“ кои го прекинаа финалето (ФОТО)

Франција е новиот светски првак, откако во денешното финале со убедливи 4-2 ја совлада Хрватска, која беше најпријатното изненадување на турнирот, но немаше сили за сензација и во финалето.

Мечот на „Лужњики“ го одбележаа автоголот на Манџукиќ и првиот ВАР-пенал, но за првпат на овој собир во Русија имаше и мал инцидент на теренот. Неколку лица кон средината на второто полувреме влетаа на тревникот, но не наидоа на топло добредојде од страна на фудбалерите.

Особено лут и нервозен беше хрватскиот дефанзивец Даниел Ловрен. Еден од активистите на „Пуси Рајот“ кои го прекинаа мечот со насмеано лице истрча до него, но фудбалерот на Ливерпул со собори на земја и му помогна на обезбедувањето да го отстрани од теренот.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*