БРАВО ДИРЕКТОРЕ, ШВЕЃАНИТЕ ТРЕБА ДА УЧАТ ОД ВАС

Купуваш 8 топки, еден касетофон и уште неколку ситнурии и ги закачуваш на фејсбук за да се пофалиш со „капиталната“ инвестиција и секако за да добиеш пофалба од најверните другари и фанови. Така се прави тоа, ако не знаевте? Денеска е Илинден, па да го предложам директорот на Текстилното во Штип за државна награда. Било каква, не е важно, тоа се детали.

Друже директоре, алал да Вие, Швеѓаните можат само да земат по еден нотес и да учат од Вас. Сте требале да конкурирате за грантовите што ги делеа за иновативност. Сте купиле 8 топки, ало, па тоа не е мала работа, на никој не би му текнало вакво нешто, со право се испофаливте на фејсбук. Сте можеле да го замолите и премиерот Заев да дојде да се слика со топките и касетофонот, ете тој вчера беше во Охрид, за откривањето на новата автобуска, зашто да не скокнеше и до Штип, да Ве „испоштува“. Не очајувајте, ајде следниот пат кога ќе ги менувате светилките, пуштете покана до кабинетот на претседателот на Владата, не верувам дека ќе Ве одбијат, не и после генијалната идеја да со топките и касетофонот.

Силно се надевам дека и други директори на средни и основни училишта ќе земат пример од Вас. Поплавете го фејсбук со Вашите брилијантни идеи, нека гледа рајава дека се работи нешто.

„ Добар ден ми треба директорот? “

„ Жалам директорот не е тука, отиде да купува топки, после ќе ги слика и ќе ги става на фејсбук, затоа најубаво е да го побарате од понеделник…“, така некако ќе дојде работава.

ФОТО

 

Директоре, продолжете вака и не се ограничувајте само со facebook, можете да си отворите инстаграм или пак канал на Youtube. Ви текнува на муабетот онли скај ис да лимит или кажано на нашки: само небото е граница. Следниот пат викнете ги и медиумите, нема смисла да се ставате во толкави трошоци, а да ве разберат само корисниците на facebook… пукајте во поголема мета и не плашете се, ќе се најде некој да ве пофали, оти нели за тоа пусто фалење сите ние живееме.

 

 

Автор: Батко Тане

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*