Вардарки поразени од Будуќност, на средбата и претходела семејна трагедија на Кликовац

Македонскиот женски ракометен шампион и претставник во Лигата на шампоните, Вардар го забележа првиот пораз оваа сезона од ЛШ, откако црногорскиот Будуќност славеше во „СЦ Јане Сандански“ со 28-31 (15-16).

Вардарки единственото водство го имаше во раната фаза на натпреварот со 3-2, а потоа играа егал натпревар. Будуќност ја имаше незапирливата Катерина Булатовиќ со која го одржуваа водството кое доаѓаше до 3 разлика. На крајот на полувремето Вардар успеа да намали на еден разлика и се замина со резултат 15-16.

Второто полувреме Будуќност додаде уште гас а вардаровата одбрана немаше решение па така на крајот заслужено ја однесоа победата.

Катерина Булатовиќ беше прва виолина во црногорскиот шампион со 14 голови, а додека кај нашите ракометарки најефикасни беа Пенезиќ со 6 гола, додека Лакрабер и Лекиќ дадоа 5 погодоци.

Она што му претходеше на натпреварот е неочекуваната смрт на Андреа Кликовац, ракометарката на Вардар, која го загуби својот татко, кој допатувал во Скопје за да ја гледа на денешниот натпревар.

Сепак, Кликовац со нејзиниот татко вчера заедно биле на средбата Вардар – Целје, по што заминале во станот каде таа престојува. На татко и му се слошило, по што била повикана и брза помош, но лекарите констатирале само смрт. Неофицијално, станува збор за смрт од срцев удар.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*