Краток спој

Македончето ужива во копањето септички јами

Денеска дознав дека само 18 % територијата на Македонија има канализациска мрежа (според податоци на граѓанската организација „Новинари за човекови права“). Годината е 2017-та, патните трошоци на пратениците се зголемени, ќе се субвенционира купувањето на ќумбиња на пелети (само за Скопје), за да се намали загаденоста, уште немаме спроведено попис, […]

Пратете по еден фрижидер и прекинете да се лупате во гради со вашиот сателитски патриотизам

„Нашите“ од Канада се јавија.  Во недела (19.11.2017) ќе се „мобилизирале“ и „ќе донеселе одлуки против предавничката влада“. Пред малку пак, еден мој близок другар ми прати видео од едни луѓе влезени во евтин арканов филм, со маици, со капи, со марами со сѐ. Тие пак проколнуваа. Да ти е […]

Штипска маја за замајување

На членовите на Дипломатскиот клуб од Скопје (некаква невладина организација ќе да е) им текна да дадат еден паметен предлог- аеродромот „Александар Велики“ да се преименува на Киро Глигоров. Топ идеја и дадена баш на време. Доста го тупевме со покачувањето на цената на нафтата, со убиството на Мартин Јошев […]

К*ртон спој

Сител е најгледаната телевизија во македонскиот медиумски етер и нормално е таа да го добие најголемото парче од тортата наречена „пари за пропаганда“. Како што јавува „Фокус“ работодавачите на Латас и Ивона добиле 125 илјади евра за реклама и пропаганда (овде). Супер!!! Сега само треба да им биде објаснето на […]

Збор два за Јаворов

Пејо Јаворов е големина за Македонија. Тој ја љубел Македонија на начин непознат за многумина денес. Ја љубел како поет и творец, како нејзин неразбран син. Ја љубел со целата своја суштина. Колку такви луѓе познавате денес? Колку од денешните актуелни „патриоти“ и „бранители“ на Македонија, би се лишиле од личниот […]

Тази дупка не е дупка

Во материјал со наслов „Дупката во буџетот ќе се крпи со повисоки даноци и придонеси?“ DW на македонски јазик ги најави следните крути мерки, кои треба да бидат преземени од Владата за да се среди буџетот на државата (овде). Најлесно е така, за да се закрпиш, крени ги даноците и […]

Велат за ВМРО дека…

Велат за ВМРО дека била (про)бугарска организација. Првото име на Организацијата било БМОРК (Б’лгаро-Македоно-Одрински револуционен комитет), ако не верувате прочитајте, а ако ве мрзи да читате видето го видеото од емисијата на Васко Ефтов со гостин академик Иван Катарџиев. Академикот убаво си кажува. Прочитајте нешто и за Бугарската егзархиска машка […]

Деца испеаа вакцина против српскиот турбофолк (видео)

Еве го одговорот за сите оние интелектуалци (начело со Златко Ориѓански), кои се вознемирија од фактот дека „Next Time“ наместо да прават нова музика почнале да препејуваат стари изворни песни. Маката е посебно голема и поради фактот дека и двете песни од тие изворните, што ги преработија се со комитска […]

„Боље педер него Бугар“

Така стојат работите мили мои, да не се лажеме и да не си играме драмолетки! Вчера на порталот/блогот/сајтчето/ или и јас немам претстава што е,  glasno.press го видов следниот материјал „Скандалозно кандидатот за градоначалник од дпмне е Бугарин“ (овде) и да ви кажам искрено навистина се скандализирав. За чиј дедов […]

Кралот ќе прави анализи

Сите Го чекаа да каже нешто ново, но Неговата реторика остана иста. Ќе се прават анализи, можеби ќе формираат и некоја внатрепартиска комисија. Ете може Бетмен да и биде претседател, а Србов портпарол. Видовме дека го бидува детево. Му побараа и оставка, ама тоа го направија „отпаднициве“, кои бараат реформи, […]