Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ќе сноси одговорност за злоделата врз Македонија, ова нема да им помине

Пристигнуваат фактурите од антидржавното и предавничко однесување на СДС и нивниот претседател Зоран Заев. Талат Џафери најави дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик, истакна денеска на прес […]

Георгиевски: Иванов е голема марионета на ВМРО-ДПМНЕ, се плашам дека се можни нови аболиции од негова страна

На крајот пак ќе има некакви амнестии, не знам во каков тип и до каде ќе одат тие амнестии. Ќе има и правна разврска, и правно финале, ама не исклучувам послушникот Иванов кој има уште две години мандат како претседател,  и на крајот на неговиот мандат не се исклучени и амнестии […]

ГО УБИЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗАТОА ШТО ГО ИЗБРКАЛ ОД РАБОТА

Според првични информации, на јавното обвинителство, осомничениот го паркирал своето возило во непосредна близина на општинската зграда и се упатил кон бурекџилницата од спротивната страна каде во тој момент седел градоначалникот. По кратка расправија со него, осомичениот испукал неколку куршуми од пиштол. Идризи бил префрлен во тетовскиот клинички центар, каде […]

Убиецот на градоначалникот на Општина Боговиње почина – тој бил негов поранешен пријател

Убиецот на градоначалникот на Општина Боговиње, Абизи Ќани, кој инаку важел за пријател на убиениот градоначалник, Хазби Идризи откако по убиството си пукаше во пределот на десната слепочница, при што заврши во Ургентниот центар во Скопје, каде што им подлегна на повредите и почина.

ДУИ: Да се расветлат мотивите за убиството на градоначалникот Идризи

Демократската унија за интеграција преку соопштение побара надлежните институции да ги расветлат мотивите за убиството на градоначалникот на Боговиње Хазби Идризи, кое, истакнува, во никој случај не било испровоцирано. „ДУИ е длабоко потресена од веста за убиството на членот на нашето семејство и градоначалник на општина Боговиње Хазби Идризи, за […]

Мухиќ за Ал Џезеира: Целта на нападот беше убиство на Заев и Села

Цел на нападот на демонстрантите кои влегоа во Собранието на Република Македонија било воведувањето вонредна состојба во земјата, за која веќе било подготвено сценарио. Ова во изјава за Ал Џезеира го тврди пратеникот од редовите на СДСМ, Ферид Мухиќ. Целта на нападот очигледно беше убиство на двајца или тројца пратеници, […]

Додовска: Противзаконскиот избор на Џафери е големо злосторство против Македонија

Да не заборавиме дека тој ден, 27 април, во македонското Собрание се случи најголемата државна навреда која може да му се случи на еден народ и на една држава. Тоа беше пеењето на албанската национална химна во срцето на Македонија. Ова го истакна професорката Иванка Додовска на денешната панел дискусија […]

Работилница „Креативна сложувалка“ за деца од пет до 10 години

„Колектив Ветерница“ во соработка со Музејот на современа уметност денеска во музејот ќе ја одржи шестата работилница – уметничка лабораторија „Креативна сложувалка“. Специјален гостин и едукатор ќе биде дипломираниот ликовен уметник Ана Ивановска. Станува збор за ликовна креативна работилница за деца на возраст од пет до 10 години, чија цел […]

ОЈО врши увид на местото каде е убиен градоначалникот на Општина Боговиње

Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид на местото каде околу 10.40 часот беше убиен Градоначалникот на Општина Боговиње. „Според првичните информации, осомничениот го паркирал своето возило во непосредна близина на Општина Боговиње и се упатил кон бурекџилницата од спротивната страна каде во тој момент седел градоначалникот на општината. По […]

„Детски мини маратон 2017“ во Скопје

Децата кои денеска учествуваа на „Детскиот мини маратон 2017“ заедно со УНИЦЕФ, Сојузот на спортови на Скопје, Македонскиот олимписки комитет и Сојузот на училишен спорт на Скопје испратија порака за потребата на секое дете да му се даде фер шанса. „Секое дете се раѓа со вродено право на здрав почеток […]