Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со писмо ја информирал министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека е прифатено барањето на Владата, Република Македонија да биде дел од Програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Во писмото до министерката Шекеринска, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, посочил дека е добредојдено барањето за приклучување кон оваа програма и дека во следниот период тим од Секторот за политички прашања и безбедносна политика на НАТО ќе организира студиска посета на Македонија за утврдување на поддршка која е потребна.