5.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

„Спортски Центар Давиде Астори“ – Фиорентина со уште еден гест за починатиот Астори!

Триесет и едногодишниот Давиде Астори ја потресе фудбалската јавност со ненадејната смрт откако беше пронајден мртов во хотелската соба во Удине.  Целиот свет беше во шок, а кога беше погребот  во Фиренца на овој фудбалер, пред Базиликата „Ди Санта Кроче“,  дојде цела фудбалска Италија да го испрати овој фудбалер на вечното почивалиште.

Претседателот на Фиорентина, Марио Коњини во чест на Астори изјави дека фудбалерот нема никогаш да биде заборавен и поради тоа името на тренинг центарот на Фиорентина ќе биде променето во името на починатиот капитен на Фиорентина.

– Донесовме одлука тренинг центарот да го прекрстиме во името на нашиот прерано починат капитен. Новото име ќе биде  ,,Спортски Центар Давиде Астори”. Ова место беше негов дом,  многу често доаѓаше, а  некој пат знаеше да дојде и со неговото семејсво. Ова е нашата прва реакција и иницијатива за да му се оддолжиме, ама нема да застанеме тука, тој направи многу за нашиот клуб и ќе има уште инциијативи за да остане запаметен во нашата меморија, – изјави Коњини.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави